Со новиот закон во Франција се казнува „преобразбата“ на хомосексуалци во хетеросексуалци

Парада на гордоста во Париз, Франција / 26 Јуни, 2021 / Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Овој закон ќе се однесува за оние кои хомосексуалноста ја сметаат за болест и дека, кога станува збор за хомосексуалноста, тука нема што да се лекува

Усвојувањето на новиот закон во Франција ја забранува таканаречената „конверзивна терапија“ и пропишува парични и затворски казни за секој што користи какви било ненаучни методи во обид да ја промени сексуалната ориентација или родов идентитет на припадниците на ЛГБТИ заедницата.

Законот е усвоен едногласно со 142 „за“ и ниту еден против.

Лице чекори со кренато ЛГБТИ знаме на Парадата на гордоста во Париз, Франција / 26 Јуни 2021, Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Казни се пропишани за надрилекарите кои сакаат да ги „преобразат“ хомосексуалците во хетеросексуалци.

Пратениците оценија дека законот ќе се однесува за оние кои хомосексуалноста ја сметаат за болест и дека, кога станува збор за хомосексуалноста, тука нема што да се лекува.

Пропишана е затворска казна до две години и парична казна до 30.000 евра.

Доколку се вклучени малолетници или други ранливи групи, казната може да биде до три години затвор и 45.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот