Со новиот концепт за основното образование, нема  да има плус предмети

Мила Царовска / 1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Се прави нов концепт за основното образование во кој сите елементи што се потребни како знаење ќе бидат воведени со тоа што се намалува бројот на предмети, а нема да има додавање на предмети, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во Штип.

– Практично вештини како готвење, ОТП кое што беше укинато, поезија, драма, сето она што во најголем дел се нуди како платени курсеви, сега ќе биде воведено во основното образование. Тоа е она кое што во нашата држава се работи. Таа концепција очекуваме да се пушти за дебата за не подолго од еден месец, а наставните програми да се работат онлајн, за да може да стартуваме сукцесивно од прво и шесто одделение 2021-2022 година, истакна Царовска.

Филипче: Комисијата утре ќе одлучува дали ќе се воведат нови рестриктивни мерки

Прашана дали ќе има надоместоци за оние наставници кои наставата ја држат од дома, Царовска децидна дека на наставниците им биле дадени две можности – наставата да ја реализираат во училишните кабинети или од дома.

-Ова е решението кое што е дадено. Секој колектив да донесе одлука на ниво на училиште дали ќе останат во училиште каде што се обезбедени сите работни услови и може да доаѓаат секој ден на работа, вели Царовска.

Како пример го посочи средното општинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин”-Штип, кое денеска го посети каде најголем дел од наставниците одбрале наставата да ја држат од дома, а само шест наставници одлучиле да ја држат наставата од училиштата. Практичната настава се одвива со физичко присуство.

Филипче: Комисијата утре ќе одлучува дали ќе се воведат нови рестриктивни мерки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот