Со Новак Ѓоковиќ се најсилни! (ФОТО)

twitter/ATP Tour

Вториот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ слета денеска во Мадрид (Шпанија) каде што му претстои борба овојпат на репрезентативен план.

Освен Ѓоковиќ, во Дејвис куп репрезентацијата на Србија се наоѓаат уште неговите соиграчи од трофејната 2010. година, Јанко Типсаревиќ, Виктор Троицки.

Селектор е Ненад Зимоњиќ, а засилувања се Филип Крајиновиќ и Душан Лајовиќ.

Ноле имаше тежок крај на натпреварувачката сезона, го препушти првото место на Рафаел Надал, а на завршниот турнир во Лондон не ја помина групната фаза.

И покрај тој неуспех, тениската федерација на Србија објави слика од него на која се гледа дека се наоѓа во добро расположение и подготвен да ја врати Србија на тронот во ова натпреварување кое последен пат го освои во 2010. година кога со 3:2 беше подобра од Франција на домашен терен во Белград.

На 20. ноември Србите ќе го имаат првиот дуел против Јапонците. Шампионот во „Дејвис куп“ за 2019 година ќе го дознаеме на 24 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот