Со неделна инциденца поголема од 200 случаи на ковид-19: Германија ја смести Македонија во групата на високоризични земји

Фото: EPA-EFE/MARTIN ZIEMER

Македонија се најде во групата на високоризични европски земји за Германија за заштита од коронавирусот. Па, за македонските државјани од вчера важат нови, заострени, мерки за влез во земјата.

Категоризацијата ја направи германската Сојузна влада врз основа на неделната инциденца (над 200 случаи на 100.000 жители) на заразени со вирусот или со опасните мутации, а контролата се врши на граничните премини и на аеродромите. За сите патници кои заминуваат или пристигнуваат во Германија е задолжителна регистрација на интернет страницата einreiseanmeldung.de.

Германците го поделија ризикот на три категории

Според Институтот „Роберт Кох“, категоријата на земји со висок ризик и неделна инциденца поголема од 200 заболени се наоѓаат

Европа: Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Косово, Словенија, Албанија, Шпанија, Португалија, Естонија, Летонија, Литванија, Чешка и Андора.

Африка и на Блиски исток: Египет, Иран, Израел, Либан и ОАЕ

Северна и Јужна Америка: САД, Мексико, Панама, Колумбија, Боливија

Категоријата на подрачја во кои има појава на многу заразни мутации на ковид-19 засега е пополнета со Велика Британија, Република Ирска, Северна Ирска, Бразил и Јужна Африка.

За патниците од овие земји важи правилото – влез во Германија само со негативен тест не постар од 48 часа. Патниците, пак, од подрачја, региони и земји со инциденца над 50 ќе мора да прават ковид-тест најдоцна за 48 часа по влез во Германија.

Карантин

За сите патници кои влегуваат или се враќаат во Германија, а кои престојувале во држави од категориите од 1 до 3 во последните 10 дена е задолжителен карантин. Мерката може да се скрати по петтиот ден, а ко се направи нов тест и истиот биде негативен.

Правилата за карантин се надлежност на сојузните покраини и затоа може да се разликуваат. Од мерката, во принцип, се исклучени деловните патувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот