Со млади од Македонија и Грција стартува спроведувањето на Преспанскиот договор

Пред стартот на дијалогот „Жан Моне“ во Собранието, спикерот Талат Џафери ќе се сретне со лидерите на двете младински организации, Методија Стојчевски и Бабис Папајоану, кои се иницијатори на младинскиот културен настан како составен дел од акцискиот план за спроведувње на Преспанскиот договор.

И двете организации се заинтересирани да се основаат македонски-грчки канцеларии за младинска соработка, по примерот на француско-германските канцеларии за комуникација меѓу младите од овие земји.

– Ове е прв ваков настан, и е составен дел од акцискиот план за спроведување на Преспанскиот договор. Дополнително  е многу важен бидејќи овој процес почнува по инцијатива на самите младински организации, а не од владите на двете држави – велат во Собранието за „Слободен печат“.

Овој процес треба да доведе до формирање на канцеларии за младинска соработка која ќе им биде предложена на владите, во Македонија и во Грција.

Во рамките на овој проект во Македонија заедно се дружат околу 50 до 60 млади луѓе од Грција и околу 150 од цела Македонија.

Двете младински организации меѓусебно соработуваат околу 10 години и до сега работеле на проект насловен како „Контакти за подобра иднина“, преку кој се одвива размена на млади студени и професори меѓу двете држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот