Со мешање пудинзи кралицата Елизабета испрати порака за континуитет (ФОТО)

На крајот на тешката година, кралицата Елизабета позираше пред фотографите со својот син принцот Чарлс, внукот принцот Вилијам и правнукот принцот Џорџ во очигледна порака за континуитетот на британското кралско семејство.

Бакингемската палата во саботата објави фотографии од кралицата и трите непосредни членови во линијата наследници додека подготвуваат традиционални божиќни пудинзи.

Принцот Џорџ (6) е во фокусот на вниманието на своите постари роднини како меша пудинг.

Семејната сцена прикажува среќен момент за кралицата Елизабета (93) по тешката година.

Во текот на изминатите 12 месеци, нејзиниот сопруг принцот Филип доби полициско предупредување за вмешаност во сообраќајна несреќа, внуците принцот Вилијам и принцот Хари јавно се разделија, а нејзиниот втор син принцот Ендрју се заплетка уште повеќе во полемиката за неговата повраност со посрамениот американски финансиер Џефри Епстајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот