Со мерката за поддршка на платите спасени 140 илјади работни места

Во мај намален бројот на барања, што пак говори дека дел од компаниите немале пад на приходите од 30 проценти за овој месец, вели Ангеловска.

Министерката за финансии Нина Ангеловска оценува дека Владата донела одлична одлука со воведувањето на мерката за поддршка на платите на вработените бидејќи како што посочи со неа се зачувани околу 140 илјади работни места.

-За оваа мерка имавме оставено во Буџетот околу 100 милиони евра, токму со цел за да оставиме соодветен простор за дополнителни потреби согласно развојот и случувањата во економијата. Таа мерка беше креирана од вториот сет мерки, а сега ние се наоѓаме во фаза на постепено реотворање на економијата за што креиравме трет сет мерки. Секој сет мерки се носеше за даден тајминг согласно моменталните услови и случувања со кризата, рече Ангеловска во гостување во емисијата „Само вистина”.

Владата донесе Уредба за продолжување на мерката и за месец јуни, односно наместо два месеца, како што беше планирано претходно, мерката ќе може да се користи од работодавачите и самостојните вршители на дејност три месеци.

Министерката информира дека за април на околу 20 илјади компании им се исплатени околу 30 милиони евра, додека во мај има нешто помалку барања, што говори дека дел од компаниите немале пад на приходите од 30 проценти за овој месец. За мај заклучно со денеска се исплатени 21 милион евра на околу 17.500 компании.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот