Со маски на функционери од ДУИ, младите од БЕСА сечеа лента на автопатот Скопје – Блаце

Бујар Османи, Крешник Бектеши, Али Ахмети, беа дел од маските од функционерите на ДУИ, што ги носеа младите од движењето „Беса“ додека сечеа црвена лента на автопатот Скопје – Блаце. Со фотографијата тие упатија порака дека илјадници пати функционерите на ДУИ ветиле, а не реализирале, изградба и пуштање во употреба на автопатот Скопје – Блаце.

– Високи функционери на ДУИ честопати го посетувале ова место, лажејќи нè дека овој пат наскоро ќе биде во функција и ќе ги поврзе Република Северна Македонија и Република Косово. Нивните празни ветувања сега завршуваат, зашто дури и нивните чести лаги се трошат. Ние сме тука иронично да ја пренесеме пораката за неуспесите на функционерите на ДУИ, да ги пресечеме лентите на нивните неуспеси и симболично да го отвориме овој пат кој сè уште не започна да се гради, со цел да се им овозможи на граѓаните слободно да се движат меѓу двете држави – велат од младинскиот форум на движењето „Беса“.

Додаваат дека ДУИ на јавноста ѝ се познати како „субјект на црвена лента” и дека многу ленти се исечени, но не се завршени.

Најавуваат дека ќе ги следат сите, како што велат, неуспеси на ДУИ за да бидат моќно гласило за манипулациите на ДУИ и владата, која што секој ден ја губи довербата кај граѓаните поради неисполнување на изборните ветувања, соопштуваат од „Беса“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот