Со „марш против патријархатот” одбележан 8 Март во Приштина

Фото: МИА

 Под мотото „Маршираме против патријархатот кој убива” неколку стотици граѓани денеска во главниот град на Косово го одбележаа Меѓународниот ден на жената – 8 Март, јави дописникот на МИА од Приштина.

Групата наречена „Маршираме, не славиме”, која ја сочинуваат активисти на граѓанските организации и студенти, освен во Приштина оваа активност ја спроведува и во 15 други општини низ земјата.

Цел на маршот е да се сврти вниманието на надлежните институции кон насилството врз жените, со барање таквите случаи да се третираат правично и со приоритет.

На маршот се приклучија и видни личности од јавниот живот во Косово, меѓу кои вршителката на должноста претседател на државата, Вјоса Османи и идниот премиер Албин Курти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот