Со малку познатата „шејк диета“ изгубете 4 килограми за 5 дена

Доколку ви е потребна брза пролетна диета, обидете се посакуваната телесна тежина да ја добиете со т.н. шејк диета. Според оние што се придржувале на ваквиот начин на исхрана, кај оваа диета резултатите се гарантирани и воопшто не изостануваат.

Оваа диета станува сѐ попопуларна насекаде во светот бидејќи подготовката на оброците, односно во овој случај шејковите, не одзема многу време. Како дополнителна предност која ѝ се припишува на оваа диета е тоа што е исклучително здрава, нема нус-појави, па дури честопати се препорачува да ја практикуваат и сите што имаат проблеми со црниот дроб, бидејќи со подготвените напитоци комплетно се чистат отровите од овој орган.

За каков начин на исхрана станува збор?

Оваа диета е малку позната кај нас, но од друга страна, пак, на светско ниво речиси и да нема некоја од попознатите личности што не излегла со сведочење за придобивките што ги добила од оваа диета.

Овој начин на исхрана, чијашто главна состојка е интегралниот ориз што се консумира во вид на оризово млеко кое се комбинира со друга храна, главно овошје и зеленчук, е препорачлив за намалување на килограмите, но и за сите што имаат проблем со кожата и со косата.

Чувството на глад целосно ќе исчезне

Суштината на оваа диета е во тоа што намирниците што се внесуваат со нејзина помош многу лесно се варат, а сепак вие имате впечаток дека сте сити цел ден. Имено, вакви комбинации на храна даваат лесно сварлив оброк кој заситува и организмот го снабдува со сите нутритиви, а истовремено остава простор да направи „поправка“ каде што е неопходно и да намали дел од вишокот килограми.

Брзи резултати

Оваа диета можете да ја држите онолку време колку што самите сметате дека е доволно за да ја добиете посакуваната тежина. Сепак, добро е да се знае и дека за само пет дена вие ќе изгубите неверојатни 4 килограми, а истовремено ќе се чувствувате поенергично и поздраво.
Диетата е исклучително лесна и поради фактот што сите оброци се исти за сите 5 дена на диетата. Задолжителни се 4 шејка дневно, а ваш избор е дали ќе бидат од овошје, зеленчук или основни. Сепак, шејкот од зеленчук е задолжителен еднаш дневно.

Како да подготвите шејк

Шејковите од оваа диета се прават на основа на оризова вода и овошје или зеленчук по ваш избор.
Покрај тоа, многу важен податок околу држењето на оваа диета е тоа што никогаш не треба да се доведете до ситуација да почувствувате глад.

Доколку почувствувате дека почнува да ви се јаде, веднаш подгответе си нов шејк од оризова вода, во кој ќе додадете овошје или зеленчук.

Млеко од интегрален ориз

За да ја подготвите „основата“ на оваа диета, а тоа е млеко од интегрален ориз, треба да сварите 250 грама ориз во 5 килограми вода.

Исчистениот и измиен ориз пропржете го на сува тава додека не добие златно-темна боја. Потоа ставете го во соодветен сад, додајте вода и на врвот на ножот сол. Варете го два часа и процедете го низ поголемо парче газа. Вака добиеното оризово млеко е основа за сите шејкови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот