Со мачета убиен свештеник во Шпанија

Фото Glòria Sánchez / ContactoPhoto / Profimedia

Маж вчера со мачета уби едно црковно лице и рани свештеник во нападите на две цркви во Алхесирас пред да биде уапсен, соопшти синоќа шпанското Министерство за внатрешни работи, појаснувајќи дека случајот се истражува како потенцијален чин на тероризам.

Министерството не го соопшти идентитетот на уапсениот во овој град на југот на Шпанија.

Мажот прво влегол во црквата Сан Исидро и со мачета го нападнал свештеникот, кој е тешко повреден, соопшти Министерството, а локалните медиуми пренесуваат дека е хоспитализиран.

Напаѓачот потоа отишол во црквата во Нуестра сењора да ла Палма, и со мачета, пред овој објект, го убил црковното лице.

Локалните медиуми јавуваат дека се повредени уште најмалку три лица.

Пред Националниот суд на Шпанија е отворена истрага како потенцијален терористички акт, а полицијата се обидува да ја утврди „природата на нападот”. Не се соопштуваат други детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот