Со липосукциска исхрана, ѕвездата на „Никогаш не е доцна“ ослабна 15 килограми за еден месец: „Се преродив!“

Фото: Промо

Познатата учесничка во популарната телевизиска емисија „Никогаш не е доцна“, Клаудија Кланац Пушковиќ, достигнала 100 килограми, а потоа се одлучила на значаен чекор – да „влезе“ во белиот фустан што го носела пред трите породувања. 

Клаудија Кланац Пушковиќ е мајка на три деца, љубителка на слатки и позната  учесничка во телевизиското шоу „Никогаш не е доцна“ (Никад није касно). На 44-годишна возраст решила да ослабе. Таа желба била поттикната од нејзиното појавување на телевизија, но и сакала да се врати на старата телесна тежина со која се гордеела пред трите породувања.

Фото: Промо

Ме мотивираше првото појавување во шоуто „Никогаш не е доцна“, коментарите на прекрасните луѓе ми дадоа сила да бидам уште подобра во секој поглед – истакнува Клаудија.

Објаснува дека со вишокот килограми првпат се соочила по првата бременост со синот Марко, а потоа, верувале или не, достигнала дури 100 килограми! По две години родила уште еден син, Филип, а по шест, ќерката Уна, и оттогаш Клаудија се бори со килограмите.

Фото: Промо

Нема диета што не сум ја пробала, а кога на тоа ќе го додадам и фактот дека 15 години се занимавам со производство и декорација на торти и колачи, сѐ што можам да кажам е – тешко е! – искрена е Клаудија.

Вели дека нејзиниот мотив за слабеење не бил само изгледот, туку и здравиот начин на живот. Наместо за класична диета, таа се одлучила за липосукциска исхрана и за еден месец ослабела неверојатни 15 килограми.

Во првите 14 дена ослабев 10 килограми, а до крајот на месецот уште пет. Првите две недели јадев протеини, растителни влакна и медитеранска исхрана и со помош на тоа го забрзав метаболизмот. Во првата фаза на протоколот на липосукциска исхрана се прочистува телото и се согорува наталоженото сало, а потоа следи втората фаза, која вклучува правилна исхрана и стабилизирање на тежината – истакнува Клаудија и додава дека денот го започнува со чаша топла лимонада, а точниот внес на калории изнесувал 1.960 дневно.

 

Фото: Промо

Не чувствувала воопшто глад, и не се прејадувала. Вели дека јадела умерено, а со јадењето прекинувала веднаш штом ќе почувствувала дека ја задоволила гладта. Ги елиминирала јаглените хидратите од исхраната, а го зголемила внесот на заситени масти од животинско потекло.

Со постигнатиот резултат е повеќе од задоволна.

Точно се гледа од настапите во емисијата како од круг во друг круг сум сѐ послаба. Во четвртиот круг бев пресреќна, зашто конечно можев да си ја исполнам желбата и да облечам бел фустан. И сега се чувствувам прекрасно, препородено! – горда е Клаудија, која има цел со липосукциска исхрана да ослабне уште неколку килограми.

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот