Со лаги работела хуманитарната организација на Боки 13

Денеска во основниот Кривичен суд во Скопје се одржа главна расправа за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“. Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Јавната обвинителка Вилма Русковска во уводниот збор рече дека ОЈО ќе докаже дека обвинетите свесно ги сториле делата за кои се обвинети.

– Да формираш хуманитарна организација и да лажеш дека зад неа стои европска хуманитарна организација е дело на еден девијантент ум – рече Русковска.

Таа додаде дека сите обвинети кои се во судница во измамата имале своја улога и дека на измамените им било ветено дека ќе им биде обезбедено државно земјиште за изградба на објекти, а
Фросина Ременски со давање совети и упатства го советувала Јовановски на средбите со оштетените.

Во своја одбрана, сите обвинети рекоа дека разбираат за што ќе им се суди и дека не се чувствуваат виновни за што се обвинети.

Според Русковска, оштетениот Силјан Мицевски уплатил 719.905 евра, пари кои му биле предадени на Боки 13, а оштетениот Амзоски пак уплатил 233.821 евра кои исто така завршиле кај Бојан Јовановски.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот