Со ковид на работа: Заразените здравствени работници во Франција повеќе не мора да се изолираат

Фото EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

Франција им дозволи на здравствените работници кои се заразени со коронавирусот, а имаат мали или никакви симптоми, да продолжат да ги лекуваат пациентите наместо да се изолираат.

Според агенцијата АП, ова е вонредна мерка која има за цел да го ублажи недостатокот на персонал во болниците и другите медицински установи предизвикани од новиот раст на бројот на инфекции.

Посебно ослободување од правилата за изолација се воведува за вработените во болниците, домовите за стари лица, лекарските ординации и другите основни здравствени установи.

Надвор од здравствениот сектор, за лицата кои не се опфатени со посебното ослободување, француските правила за карантин бараат најмалку пет дена самоизолација за целосно вакцинирани лица кои се позитивни на ковид.

Директорите на болниците истакнаа дека новата флексибилност за здравствените работници во Франција ќе им помогне да ги пополнат недостатоците кога станува збор за малиот број на персонал.

Во упатствата на француското Министерство за здравство се наведува дека, каде што е можно, заразените работници не смеат да бидат во контакт со невакцинирани пациенти или оние кои се изложени на поголем ризик од тешки симптоми на ковид.

Прекината седницата на францускиот Парламент поради изјавата на Макрон за невакцинираните граѓани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот