Со коронавирус заразени над 35 милиони луѓе во светот

Париз / EPA-EFE/IAN LANGSDON

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на крајот на декември минатата година, повеќе од 35 милиони луѓе во светот се заразени со овој вирус.

Според веб-страницата „Ворлдметерс”, вкупно 35.070,750 луѓе се заразени со коронавирус во светот.

Има 7.970.957 активни случаи, а повеќе од 66.000 пациенти се во критична состојба.

Досега оздравеле 26 милиони луѓе, а 1.036.413 луѓе починале како резултат на ковид-19.

Најмногу заразени има во САД – речиси 7,6 милиони луѓе, потоа во Индија со 6,5 милиони и Бразил со скоро 4,9 милиони пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот