Со која брзина страда неактивното тело? По седум дена недвижење, мускулите ја губат формата, по две недели карлицата не е свитлива, зглобовите отекуваат

Во текот на 70 дена поминати во кревет доаѓа и до промени во нутритивниот состав на нашите коски, како и на телесните течности. Накратко, тоа значи слабеење на коските, проблеми со бубрезите и цревата, потенцираат кинезиолозите.

Со која брзина страда неактивното тело?

По 7 дена

Прво страдаат кондицијата и издржливоста, помалку забележливо ја губиме силата за потешки напори.

По две недели

Мускулната маса на рацете и на нозете почнува да се намалува, ја губат формата, а потоа и големината.

По четири недели

Мускулната маса видливо почнува да го менува масното ткиво, тоа е она што го нарекуваме „имам неколку килограми вишок“.

По 12 недели

Последиците стануваат многу видливи: изморени сме, кардиоваскуларниот систем работи полошо, сите добри ефекти од претходната физичка активност или тренинг се целосно исчезнати.

Од 13 до 52 недели

Во зависност од телото, долготрајната неактивност ќе влијае врз нас од глава до петици: дебелина, масно ткиво, проблеми со зголемен крвен притисок, губење на густината на коските, целосно уништена сила и кондиција.

Лоши процеси што се одвиваат при седечкиот начин на живот

– Согорувате помалку калории.
– Ова значи дека побрзо добивате дополнителни килограми.
– Ја губите мускулната сила и издржливост.
– Коските стануваат послаби и ги губат минералните материи.
– Метаболизмот се забавува, а телото потешко ги разградува маснотиите и шеќерот.
– Циркулацијата на крвта е послаба. Воспалителните процеси полесно се развиваат.
– Продолжената неактивност може да предизвика хормонална нерамнотежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот