СО КАКОВ РЕЧНИК ПОЛИТИЧАРИТЕ ЛОВАТ ГЛАСОВИ: „Офуцани невести“, „излапени во мозокот“, „северџани“, „кругови од пеколот“

Од „офуцана невеста“ до „северџански народ“, од „змии и ежoви“, до „криминалци“, „лажговци“ и „излапени во мозокот“. Ова е само дел од реториката на политичарите кои во битката за власт не избираат што ќе кажат и не внимаваат дали нивните зборови ќе навредат некого. Експертите по комуникологија проблемот во ваквата комуникација го гледаат во тоа што ќе има многу штетни влијанија во делот на одговорноста кај политичарите. Од секојдневните настапи на политичарите сведоци сме дека предизборието изобилува со „сочни“ меѓусебни обвинувања, посочуваат познавачите.

Претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева, во еден од своите јавни настапи, објаснувајќи зошто граѓаните треба да гласаат за нејзината партија, рече:

„Од крадењето, од мафијата што си ја делат, па до тоа што Македонија ја сведоа на најниско стапало, и ја продадоа како „офуцана невеста“ на пазарот. Овој народ треба да се освести и да ги смени сегашните политичари со оние кои посериозно и похрабро ќе ја водат државата“.

Солза Грчева

Во битката за гласови, партијата ГДУ го користи логото „Бидете ежот кој ќе се спротивстави на змиите – не се плашете од змиите“. Претседателот на ГДУ, Петар Колев, идејата за логото ја објасни со тоа што ежето е единственото животинче кое може да се справи со змиите.

– Тоа нема страв од опасностите, дури и од змиите. Затоа го избравме како лого кое ќе инспирира во политичките размислувања. Ние очекуваме сериозна битка меѓу ежињата и змиите – рече Колев.

Прочитајте и...  Евростат: Малопродажбата во ЕУ во јуни забележа раст од 5,2 проценти, а во еврозоната 5,7 отсто
Петар Колев

Носителот на ИЕ 4 од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, пред жителите на Ново село говореше дека неговите општините кои ги водат актуелните градоначалници од СДСМ се „неуредни и гнасни“.

– Ако во општините кои ги водат вака изгледа, неуредено и гнасно, како ли им е дома. Човек ако е чист, ќе биде чист и дома и на работа, ако има ред, ќе има и дома и на работа. Да одат секој ден на работа и да гледаат ѓубрише и запуштена фонтана – рече меѓудругото Николоски.

Александар Николовски

Посакувајќи голема победа, и претседателите на најголемите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски не бираат зборови со кои ќе го навредат политичкиот конкурент. Во говорите на опозицискиот лидер се слуша дека тие не се „волшебници“ и дека противникот е „срамот“ за Македонија.

– Сите сме против овој срам кој е наше денешно секојдневие. Застанете до нас да ја ослободиме Македонија од овој срам, од ова понижување, но и од овој криминал кој ни се случува секојдневно. Јас волонтирам како како претседател на партијата и се возам во сопствено возило. Секој кој ќе биде дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека ќе нема луксузи, привилегии, бидејќи државата треба да се обновува – рече Мицкоски во Ново Село.

Прочитајте и...  „Лајм“: Eдинствената „задача“ на Мицкоски е да го убеди Апасиев да поддржи влада со премиер Албанец
Христијан Мицкоски

Во говорот на лидерот на владејачката партија Зоран Заев, неодамна во Штип слушнавме дека изворот на деструктивни сили (лошотилокот, осветата, злобата) во Македонија е ВМРО-ДПМНЕ.

– За сите сме Македонци, само овие излапавените во мозокот, сеуште зборуваат за северџани и северџански јазик. За нив белото е црно, црното е бело, добрината е зло. Ете со такви контрашки структури се соочува нашето општество од кои страдаме сите. Кај ќе ни беше крајот ако не постоеше ова зло од 9 букви како ВМРО-ДПМНЕ, како 9-те кругови од пеколот. Ве повикувам, сакајте го ВМРО, тоа е нашата историја но, од ова ДПМНЕ нема ни „Д“ од демократија ни „Е“ од единство, – рече Заев во Штип.

Зоран Заев

За тоа што сакаат политичарите да постигнат со речникот со кој се обраќаат пред граѓаните,  комуникологот Сеад Џигал вели дека нивниот речник не е за пофалба, особено во делот кога зборуваат или го ословуваат политичкиот опонент, но посочува дека има и исклучоци кои се ретки.

– Има бројни причина за ова но најважни се две. Едната е таа што во морето од информации и вести тие се трудат да го привлечат вниманието на медиумите, новинарите и граѓаните. Провокативни изјави, ословувања, напади и прозивки најчесто успеваат во тоа. Втората која би ја издвоил е влијанието на социјалните мрежи. На овие нови платформи кои постапно се развија во една нова јавна сфера се негува стил кој е доста експресивен, емотивно обоен, често вулгарен и каде етичката комуникација е далеку поретка – вели Џигал.

Прочитајте и...  Од почетокот на кризата околу 20.000 луѓе загубиле работа: Работодавачи делат откази и на хронично болни лица

Џигал посочува дека во нашата политичка комуникација нискиот стил има своја подолга традиција, но дека сега во ерата на социјалните медиуми веројатно го доживува својот врв и златно доба.

– Клучниот проблем е што ваквиот проширен начин на комуницирање има многу штетни влијанија. Отсуствува елементарна одговорност кај политичарите во делот на тоа какви се пошироките последици од ваквата нивна комуникација. Што, на пример, ако противникот кој постојано го нарекувате криминалец и уништувач на државата, победи на изборите? Сите оние кои веруваат на вашите зборови се ставени во позиција да веруваат дека наредните 4 години мора да живеат во криминална држава во која не треба да се почитува системот, законите и сите други позитивни норми во општеството. На тој начин ваквата ниска комуникација постапно ја поткопува самата држава во која сите живееме – вели Џигал за Слободен печат.

Сепак граѓаните во овие 30 години на парламентарна демократија, научија многу лекции. Една од нив е дека со стари методи на политичка пропаганда, со омраза и злоба, политичките елити не можат да имаат позитивни резултати, бидејќи ваквиот стил не влијае врз нивната крајна одлука.

Прочитај повеќе

Нов транскрипт открива што Клинтон му рекол на Путин за Милошевиќ: Веројатно ќе ги искраде изборите

Слободен печат

Владата го усвои полугодишниот Извештај за извршување на Буџетот

Маријана Митровска

ВМРО-ДПМНЕ ниту ги потврдува, ниту демантира написите на „Лајм“

Слободен печат

Трагичен биланс од експлозијата во Бејрут: Загинаа 135 лица, над 5.000 повредени и стотина исчезнати

Слободен печат

Италија и Шведска имаа целосно различни пристапи, а сега се мирни: Вирусот го држат под контрола додека светот и натаму се бори

Слободен печат

„Лајм“: Eдинствената „задача“ на Мицкоски е да го убеди Апасиев да поддржи влада со премиер Албанец

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ШОК И ЛЕЛЕЦИ ВО ЖИВО: Експлозијата ја турна новинарката на Би Би Си додека разговараше, соговорникот остана збунет (ВИДЕО)

Слободен печат

Метју Палмер: Очекуваме добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија

Слободен печат

Рајанер не ги почитува правилата против коронавирусот, Италија се заканува со запирање на летовите

Слободен печат

Ристиќ: Пластични шишиња и друг отпад со саати и саати течат со Вардар (ВИДЕО)

Слободен печат

Њујорк воведува контролни пунктови на влезовите во градот поради Ковид-19

Слободен печат

Тачи бара Финансиска полиција да истражува трансфер на пари од Иран

Слободен печат