Со „Јунајтед ерлајнс” ќе летаат само патниците кои ќе потврдат дека се здрави

epa08389894 An American Airlines flight takes off from Washington Reagan Airport in Arlington, Virginia, USA, 28 April 2020. The airline industry, which is ailing under the coronavirus COVID-19 pandemic, received a 25 billion US dollar federal bailout. EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Јунајтед соопшти дека клиентите кои не можат да ги потврдат тие барања и да изберат да не патуваат, ќе можат да ги презакажат летовите.

„Јунајтед ерлајнс” стана првата голема американска авиокомпанија која бара од сите патници да извршат здравствена самопроценка за време на процесот на проверка (check-in) во тек на пандемијата на новиот коронавирус.

За да ја уверат јавноста дека е безбедно да летаат,   авиокомпаниите ги зголемуваат процедурите за чистење и дезинфекција. Повеќето превозници бараат од вработените и патниците да носат маски и сега Јунајтед оди чекор понапред со барањето патниците да потврдат дека се здрави, јавија америскански медиуми.

Без разлика дали ќе се „чекираат” преку интернет или лично на аеродромот, од патниците ќе се бара да ја прифатат контролната листа на Јунајтед „Подготвен за летање” (Ready-to-fly) што вклучува потврда дека патникот:

– ќе носи маска за лице.

– не му бил дијагностициран Ковид-19 во изминатите 21 денови

– немал симптоми или бил во близок контакт со некој тестиран позитивно во изминатите 14 денови

– не бил одбиен од друга авиокомпанија поради медицински причини

Јунајтед соопшти дека клиентите кои не можат да ги потврдат тие барања и да изберат да не патуваат, ќе можат да ги презакажат летовите.

Компанијата не одговорила на барање на медиуми за повеќе детали за тоа што се случува ако патниците одбиваат да одговорат или одбијат да носат маска во авионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот