Со „југо“ тешко повредил малолетен пешак, па побегнал

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Со автомобил „југо“ тешко повредил пешак, па побегнал, ова е официјалната информација за сообраќајката која вчера се случи кај кавадаречката болница, која попладнево ја даде Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Вчера попладне во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на улицата „Шишка”, патничко возило „југо”, со демиркаписки регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од Кавадарци, по што го напуштило местото. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. По преземени мерки од полициски службеници, е утврдено дека возилото го управувал А.К.(27) од Струмица, со престој во Кавадарци, појасни Додевски.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци, а во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот