Со изведување докази ќе продолжи рочиштето за „Рекет“

Фото: Слободен печат/ Драган Митревски

По презентацијата на материјалните докази од страна на обвинителството, се очекува и одбраната на Боки 13 и Јанева да ги презентира нивните материјални докази. 

Судскиот процес за предметот „Рекет” продолжува денеска со презентација на материјалните докази. На последното рочиште за овој предмет се читаа и се презентира наредби и извештаи од одземените предмети при претресите во домовите на обвинетите Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, односно во домот на осудениот Зоран Милевски-Кичеец.

Јавноста имаше можност да слушне дека при претресот извршен во домот на Боки 13 времено се одземени многу предмети, гардероба и мебел, додека од домот на обвинетата Јанева, како што информира обвинителката Ирена Трајчева, се одземени лаптоп, УСБ-стикови и други предмети.

По презентацијата на материјалните докази од страна на обвинителството, се очекува и одбраната на Боки 13 и Јанева да ги презентира нивните материјални докази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот