Со изведба на „Parla piu piano“ Ѓиновска – Илковска порача: Ќе го победиме вирусот! (ВИДЕО)

-Согласно препораките од надлежните инстуции сите манифестации се одложени. Но гледачите со задоцнување сепак ќе можат да го видат коцертот. Сметам дека доколку свеста ни е на високо ниво ќе се справиме и ќе го победиме овој вирус, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Весна Ѓиновска – Илковска, оперска певица, сопран, првенка на Операта на МНТ.

Потсетувајќи се на почетокот од својата кариера Илковска вели дека патот сам ја одвел до местото каде што е сега.

-По студиите добив покана од тогашната македонска опера, МНТ, за гостување, деби, за улогата на Микаела. За мене лично тоа беше едноставно, бидејќи веќе се имав пофготвувано за тоа. Од тука почнав да ја градам својата кариера. И покрај тоа што во текот на овие 25 години имав понуди за многу улоги, но изборот секогаш го правев само јас.

Во овие години имам отпеано многу ликови, имам работено со многу диригенти и гостувано во голем број на театри. Сега работам и како професор на Факултетот за музичка уметност. Има и улоги и композитори кои сака да ги исполнам на сцената. Тука би го издвоил Вагнер – една извонредна музика, една музичка филозофија, рече Ѓиновска – Илковска.

За Утрински брифинг ја отпеа нумерата „Parla piu piano“ од филмот „Кум“. Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот