Со изградбата на Кинескиот ѕид е поврзана една од најтажните љубовни легенди

instagram

Кинескиот ѕид е една од најпознатите градби во светот. Бил граден со векови, а примарната идеја била да се направи ѕид како одбрана од напади. Неговата изградба почнала уште во 5 век п.н.е и траела сè до 17 век.

Најпознатите делови од ѕидот биле изградени помеѓу 15 и 17 век, за време на династијата Минг, кога ѕидот добил препознатливата форма која најчесто ја гледаме на фотографиите денес. Кога целиот ѕид бил поврзан било пресметано дека се протега на вкупно 8851 километри, со просечна висина од 15 метри и ширина од 7 метри.

Во меѓувреме, „УНЕСКО“ го запиша на списокот како светско културно наследство и до денес останува една од најфасцинантните градби направени од човечки раце.

Легенда поврзана со изградбата

Се разбира, многу легенди се поврзуваат со изградбата на овој ѕид. Од генерација на генерација, се раскажувала приказната за благородната и храбра девојка Менг Џианг Ну, која се вљубила и омажила за Фан Ксилијанг.

Иако Менг сакала да го сокрие сопругот од кинеските власти кои во тоа време барале работна сила за изградбата на ѕидот, Фан сепак бил ангажиран. Менг повеќе од една година не слушнала никакви вести за нејзиниот сакан, па решила да го посети. На долгото патување кое траело две години, таа се соочила со многу природни препреки, но конечно стигнала до делот од ѕидот каде што работел нејзиниот Фан.

За жал, таа поминала толку голем пат за да открие дека Фан починал од истоштеност. Кога го слушнала тоа, Менг не можела да ја задржи својата тага и плачела три дена. Легендата вели дека поради толку многу плачење, солзите на Менг го срушиле тој дел од ѕидот.

Легендата за Менг и Фан потсетува колку луѓе ги загубиле своите животи во изградбата на овој ѕид, работејќи во тешки и невозможни услови. Некои историчари тврдат дека ѕидот го граделе скоро два милиони работници и дека многумина завршиле со фатални последици поради неухранетот, замор или несреќен случај.

Постојат грозоморни приказни дека сите кои умирале за време на изградбата на ѕидот, биле заѕидени во Кинескиот ѕид и станале составен дел од денешната туристичка атракција, која секоја година ја посетуваат милиони туристи од цел свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот