Со истрели од огнено оружје оштетени прозорци на теолошко училиште во Тетово

Полиција / Фото: МИА

 Тетовската полиција започна истрага со цел да се открие кој стои зад истрелите од огнено оружје при што се оштетени прозорци од објект на теолошко училиште во градот.  Случајот е пријавен утринава, а според пријавителите пукањето и оштетувањето се случило ноќта помеѓу неделата и понеделникот.

Денеска во СВР Тетово пријавено е дека изминатата ноќ (19/20 септември) засега непознат сторител(и) со  истрели од огнено оружје оштетил неколку прозорци од објектот на средното теолошко училиште– Медреса Иса Беу лоциран на улица Пробиштипска” во Тетово. Оштетени се прозорци на првиот и погорните катови, односно светларници.Увид узвршила екипа на СВР Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

При увидот пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење се неколку проектили и чаури

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот