Со искрени и топли зборови Драмски театар се прости од четири свои доајени

Драмскиот театар во Скопје на 28 април се прости со четири негови великани. Испраќањето беше достоинствено, со говори, колажи од фотографии, видео инсерти од претстави. На тој начин колегите се потсетија на времињата кога Сабина Ајрула Тозија, Видосава Грубач, Ристе Стефановски и Мајда Тушар блескаа на сцената.

Потсетувањето на нивните личности и дела беше и потсетување на создавањето на Драмски театар. На неговите скромни почетоци, на подемите и падовите. На претставите кои се изведуваа ширум светот и по повеќе од 300 пати.

За своите колеги на сцената во Драмски со искрени и топли зборови се обратија Маја Вељковиќ Пановска за Сабина Ајрула Тозија, Дамјан Цветановски за Видосава Грубач, Трајанка Илиева Велиќ-Таци и Благој Чоревски за Ристо Стефановски и Александар Степанулески за Мајда Тушар.

На крајот следуваше долг аплауз од срце, со голема љубов и почит.

– Аплаудиравме за сите нив кои секогаш ќе бидат дел од нас. Затоа што Драмски театар е семејство, а загубата на секој член од семејството подеднакво не погодува и растажува. Им благодариме на Сабина Ајрула Тозија, Видосава Грубач, Ристе Стефановски и Мајда Тушар за сѐ што направија за Театарот. Ќе останат во нашите вечни сеќавања. Слава им! – порачаа од Драмски театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот