Со исклучок на пет судии, донација од Кривичен суд во износ од 575.320 денари за фондот за Ковид-19

Фото: sud.mk

Кривичнот суд со исклучок на пет судии донираше 575.320 денари на фондот за Ковид-19. По тој повод, го споделија ова соопштение за јавноста:

„Кривичниот суд, како што доликува на слоганот „Во името на граѓаните на РСМ”, од донациите на 48 судии, обезбеди 50 – тина плати , односно барем за еден месец спречи 50 – тина отпуштања на работници кои се најзасегнати од последиците поврзани со пандемијата од вирусот КОВИД – 19.

Коко никогаш досега, со исклучок на пет судии, судиите од Кривичниот суд покажаа единство, колегијалност, а воедно и чувство за солидарност, правичност и етичност со граѓаните, па имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа државата, донираа вкупно 575.320 денари или во просек по 12.000 денари од судија што е повеќе од 20% од судиската плата.

Со овој гест како судии ги потикнуваме, охрабрувавме и повикуваме во стилот на „ice bucket challenge” сите граѓани со примања над 40.000 денари како и сите други  функционери и  фели, да го следат примерот на судската фела, да донираат вака значителен износ од сопствените примања и да покажат солидарност со оние кои на сопствен грб почуствуваа најголеми штети во овие тешки времиња, покажувајќи воедно грижа за нивното здравје и опстанокот на нивните семејства и секако подршка за сите здравствени работници кои се на првата борбена линија.

Имајќи предвид да примањата по разни основи (плати, додатоци, авторски права и сл.) на дел од адвокатите, нотарите, сопствениците и уредниците на медиумите, директорите и раководителите во банките, телекомуникациските оператори, ЕВН, претседателите и нивните соработници во синдикалните организации, сопственици на угоститлски објекти и обложувалници се повисоки од оние на судиите во Кривичниот суд, ги предизвикуваме да покажат доблест и солидарност, да донираат сразмерно со нивните примања, а потоа да повикаат и други граѓани да донираа со цел да им помегнеме на оние на кои им е најпотребно.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот