Со ИПАРД и Националните програми се овозможува раст и развој на пчеларството

фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Денеска во Битола беше отворена манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“, која се оддржува по 22-ри пат, а секоја година ја организира пчеларското здружение „Нектар“.

На отворањето Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски истакна дека преку оваа манифестација, здружението „Нектар“ секоја година не потсетува за тоа колкаво е значењето на пчелите за нас, за растенијата, но и за климатските промени и намалувањето на гладот во светот.

Истовремено, хранливоста на пчелните производи е до толку специфична, што не може да се добие во фармацевтските лаборатории, токму затоа како што истакна Бабовски, наша цел е да ги заштитиме и да создадеме услови за раст и развој на пчеларството во државава. Растот на бројот на пчелни семејства покажува дека мерките и проектите за пчеларството овозможуваат оваа гранка да се развива.

– Дека сме на прав пат, покажуваат и податоците за исплатени средства за регистрирани и презимени пчелни семејства ако во 2014. по основ на оваа мерка сме исплатиле 99,5 милиони денари во 2018. за истата мерка имаме исплатено 159,5 милиони денари што е зголемување на исплатените средства од 60%. Преку Програмата за рурален развој поточно преку Мерката органско производство на мед во изминатите три години сме исплатиле вкупно 6.5 милиони денари. Дополнително преку Мерките од ИПАРД и програмата за Рурален развој овозможуваме набавка на опрема за пчеларство – истакна Бабовски.

Тој додаде дека преку ИПАРД програмата за развој на пчеларството имаат склучени 7 договори и ним ќе им бидат вратени 13.000 евра за реализираните инвестиции во делот на пчеларството.

Во моментов во Република Северна Македонија има регистрирани 240.000 пчелни семејства.

Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе продолжат да креираат мерки и поволни услови за развој на овој сектор, бидејќи пчеларството е навистина важна стопанско-прехранбена гранка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот