Со храна или на празен стомак: Во кој период од денот треба да земате витамин Ц, а кога витамин Д

Фото: Профимедиа

Многумина од нас земаат витамини и додатоци за да го поддржат своето здравје и имунитет. Еден од предизвиците со кои се соочуваме е изборот помеѓу многуте опции. Можеби уште поголем предизвик е правилно да се одреди приоритетот на внесот на витамините.

Се позанимававме со прашањата како што се: „Дали постои одредено време од денот кога треба да го земаме додатокот во исхраната што ни е потребен?“ или „Дали можеме сите да ги консумираме заедно во исто време?“

Особено ако земеме предвид дека хранливите состојки во суплементите може и тешко да се апсорбираат, па затоа е важно и правилно да се земаат со цел да се постигне вистинскиот ефект.

Многу додатоци во исхраната добро функционираат со храната. Всушност, повеќето витамини растворливи во масти најдобро дејствуваат кога се земаат околу оброкот и полесно се апсорбираат.

Во кој период од денот треба да ги земате витамините и минералите?

Витамин Д

Витамините А, Д, Е и К се само некои коишто секогаш би требало да ги земате околу оброците. Овие витамини телото најдобро ги апсорбира кога се земаат со мрсна храна. Тајната е во тоа што влегувајќи во хранопроводникот, мастите почнуваат да произведуваат жолчка и ензими, кои придонесуваат за транспорт на витамините во црниот дроб и за нивна понатамошна обработка. Добра вест е дека и мала количина масти е доволна да го активира овој круг.

Истражувањата покажуваат дека од сите витамини, токму на витаминот Д му треба најмногу храна за идеална апсорпција. Затоа стручњаците советуваат да го земате овој витамин со најголемиот оброк во денот. Со храната, во текот или по вечератa, најдобро во комбинација со калциумот кој ја зголемува неговата апсорпција.

Меѓутоа, за овие витамини внимавајте дали оброкот што го јадете со нив содржи здрава доза на масти. „Инсајдер“ пишува дека со овие додатоци најдобро е да земате намирници како јајца, маслиново масло и авокадо.

Витамин Ц

На пример, витаминот Ц може да предизвика мачнина и проблеми со варењето кога се зема на празен желудник. За најдобар ефект, препорачливо е да го земате со оброк. Витаминот Ц задолжително испијте го со чаша вода.

Витамин Б

Витамините како Б6 и Q10 се идеални за консумирање наутро бидејќи ќе го кренат нивото на енергија. Постојат осум типа на витамини Б и сите помагаат во кревањето на енергијата, во подобрувањето на здравјето на мозокот и расположението, ги намалуваат нуспојавите од ПМС и помагаатда во градењето на цврсти коса и нокти. Важно е да ги земате наутро затоа што го зголемуваат нивото на енергија и расположението.

Магнезиум

Магнезиумот често се препорачува за луѓето кои имаат проблеми со спиењето, енергијата, главоболки, грчеви во мускулите, бавно варење, желба за слатко или анксиозност“, тврдат нутриционистите, додавајќи дека магнезиумот треба да се консумира навечер поради неговиот благотворен и смирувачки ефект. Со огледна тоа што магнезиумот помага кај опуштањето, идеално е да го земате по вечерата.

Калцим и железо

Додатоците на калциум и железо треба да се земаат со растојание од најмалку 4 часа. Одлучете се за течни додатоци на железо и земајте ги со витамин Ц. Пијте ги со вода или сок од портокал. Калциумот и железото можат да ја инхибираат меѓусебната апсорпција до пет пати, а најдобро е да ги земате во различни периоди од денот.

Од другите додатоци во исхраната кои добро се согласуваат со храната се и пробиотиците.

Секако треба да земете предвид дека и организмот има свои граници, затоа немојте да голтате грст витамини туку распоредете ги, а најдобро е да се консултирате со вашиот матичен лекар кој може да ви помогне и да провери дали имате недостаток на одредени витамини.

 

Видео на денот