Со говор на омраза нападната Канал 5 телевизија, МВР го истражува случајот

Изминатиов период на фејсбук страната на македонската телевизија Канал 5, можеше да се забележи говор на омраза, кој доаѓа од бугарски профили. Министерството за внатрешни работи го истражува случајот.

Освен кон медиумот навредите се упатуваат и на адреса на македонските и албанските граѓани. Голем дел од нив доаѓаат од фејсбук профил со име Николај Којчев со бугарска IP адреса.

Полицијата најави дека ќе ги истражи сите околности по што ќе го извести и Јавното обвинителство кое ќе треба да даде понатамошни инструкции за постапување.

-Најпрвин ќе се чека потврда за автентичноста на фејсбук профилот на име Николај Којчев по што доколку се утврдат елементи на кривично дело ќе бидат известени бугарските власти- рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски за Канал 5 Телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот