Со години убивал луѓе без никој да забележи: Приказната за најпознатиот сериски убиец од Шкотска стана хит серија

Profimedia

Името Денис Нилсен Дес се изговараше со страв кога на почетокот на 80-те години на минатиот век тој беше уапсен во Лондон за убиство на најмалку 15 мажи и момчиња.

Приказната за неговите злосторства, кои до денес се само делумно решени, претворена е во триделна мини-серија „Дес“, која брзо стана хит.

Неупадливиот службеник со години убивал луѓе, а начинот на кој ги прикривал трагите, а потоа и начинот на кој ладнокрвно зборувал за своите злосторства ја згрози јавноста.

Во серијата неговиот лик го глуми Дејвид Тенант, а во облакот на димот од цигарите пред нас се одмотува клопчето на неверојатните злосторства на човекот кој јавноста го нарече „нежен убиец“.

Дес, како што беше прекарот на овој Шкотланѓанец, кон крајот на седумдесеттите и раните осумдесетти години на минатиот век убивал во Лондон. Неговите жртви претежно биле студенти и бездомници кои ги носел во својата куќа за секс или само за друштво.

Profimedia

Во текот на ноќта, додека спиеле, ги убивал давејќи ги со раце или во када, а потоа ги чувал со денови или недели.

Како што сведочел, потоа со нив гледал телевизија, и мастурбирал допирајќи ги мртвите тела.

Кога требало да се ослободи од труповите, тој го користел знаењето стекнато во војската, па телата ги сечел на делови, ги палел и ги закопувал во дворот на неговата куќа.

Кога се преселил во стан, ги варел остатоците на жртвите на шпорет, обидувајќи се да се ослободи од нив. Коските ги фрлал во тоалетот, и токму така го фатиле, бидејќи се затнала канализацијата, па водоводџијата наишол на човечки остатоци и ја известил полицијата.

Profimedia

Дес е уапсен во 1983 година за повеќе убиства. Тој ѝ се извинил на полицијата што не го знае точниот број на неговите жртви, како и нивните имиња, но инспекторите што го водеа случајот се сомневаа дека тој намерно ги лажел цело време и намерно го криел идентитетот на лицата што ги убил.

Во станот каде што бил уапсен биле пронајдени остатоци од три лица, и во дворот на претходната куќа во која што живеел најмалку уште 13 тела. Дел со помош на убиецот, дел преку истрагата, полицијата успеала да идентификува само шест жртви, но Дес бил обвинет и за уште шест обиди за убиства.

Осуден е на доживотен затвор за шест докажани убиства и две убиства во обид. Почина во затвор во 2018 година. Според британскиот печат, починал во болки поради проблеми со стомакот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот