Со години се зборуваше дека Џон Малкович е Србин, Хрват, Црногорец… Актерот му одговори на целиот регион

Фото: Профимедиа

Познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Malkovich (@johnmalkovichh)


А, кога станува збор за овој актер, јавноста ја заинтригира и приказна надвор од актерството, приказната за неговото потекло.

За актерот кој е роден во Илиноис во Америка, се пишуваше дека по потекло е од Србија, Црна Гора, Хрватска, тој истакнуваше и дека Босанците го присвојуваат, а потоа во 2018 година зборуваше за своето потекло.

„За моето потекло може да зборуваат и Хрватите и Босанците и Црногорците, но пред сè, јас се чувствувам како Американец, бидејќи сум роден во Америка“, изјавил тогаш светски познатиот уметник Џон Малкович, а потоа додал: „Вчера го посетив наводното село од раѓање на дедо ми, но не знам дали е тоа вистина бидејќи многу работи ми зборувале за моите предци. Мојот татко секогаш велеше за својот татко дека тој е најголемиот лажго на светот, па така тој лажеше и за нашето потекло“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Malkovich (@johnmalkovichh)


Сепак, тој се присетил дека мајка му по прераната смрт на татко му, му рекла дека некои медиуми погрешно напишале дека тој е од Хрватска, па му открила дека дедо му е од Црна Гора.

„Кога дојдов во Босна, сите ми велеа – ти си Босанец“, продолжил актерот откривајќи приказна од своето детство: „Моите баба и дедо не сакаа нивните деца да научат српско-хрватски, секогаш некаде ‘по ќошињата’ зборуваа на тој таен јазик. Никогаш немав силна семејна врска, прво татко ми и дедо ми не беа во добри односи, затоа што дедо ми го тераше татко ми да работи во рудникот, што татко ми не сакаше.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Malkovich (@johnmalkovichh)


Она што е сигурно е дека Џон Малкович зборува со уметнички јазик што го разбира целиот свет и дека неговите дела припаѓаат на светот, а причината за интересната приказна за потеклото е јасна. Кој не би сакал Џон Малкович да му биде сонародник?

Има индиции дека, според пописот на жителите кои емигрирале во Америка, неговиот дедо всушност се викал Мане Маљковиќ и дека е роден во Прокике кај Сењ и дека заминал во САД во 1913 година.

Шмекот на Холивуд во Скопје, актерот Џон Малкович ќе гради филмски студија кај нас

Не е важно дали си ѕвезда: Актерот избркан од хотел во Венеција поради ковид-сертификат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот