Со глисер рушеле рекорди во Венеција: Загинале дизајнер на бродови и уште две лица

Фото: Принтскрин

Глисер кој се обидувал да сруши рекорд во брзина, се забил во вештачки гребен во венецијалнска лагуна во вторник навечер при што починале италијанскиот конструктор на бродови и бизнисменот Фабио Бузи, како и двајца членови на неговиот персонал.

Персоналот предводен од 76-годишниот италијански бизнисмен и светскиот првак Бузи се обидела да постави рекордно време на стаза од Монако до Венеција.

Се тркале 18 часа и 32 минути кога се случила несреќата, објави Кориера дела Сеа. Тие го управувале глисерот со просечна брзина од 100 километри на час.

Загинал Бузи, како и двајца членови на персоналот.

Бузи дизајнирал бродови со својата компанија „ФБ дизајн“ и се тркал од 1960 година, поставл повеќекратни светски рекорди, вклучувајќи и рекорд на голема оддалеченост во 2012 година, на растојание од Њујорк до Бермуд.

Четвртиот член на екипажот преживеал, изјавиле пожарникарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот