Со Франкфурт ја освои ЛЕ, па одлучи на 29 години да ја заврши кариерата
Одбранбениот играч на Ајнтрахт од Франкфурт Мартин Хинтерегер ја изненади фудбалската јавност и објави дека се повлекува од фудбалот.
Поранешниот австриски репрезентативец има 29 години, а одлуката за крајот на кариерата ја планирал уште минатата година.
Но, се предомисли и учествуваше во историскиот поход на германскиот клуб по трофејот во Лига Европа.
Освен за тимот од Франкфурт, Хинтерегер настапуваше и за Салцбург, Борусија Менхенгладбах и Аугсбург. За австриската репрезентација одигра 67 натпревари и постигна четири гола.
Сите во клубот се изненадени од одлуката, но австрискиот дефанзивец ги објасни причините за таквата одлука. Сето тоа неколку недели откако направи скандал и организираше фудбалски турнир со австриски политичар.
– Во последните неколку недели имаше многу проблеми поради организацијата на „Хинти купот“, иако турнирот го организирав најдобронамерно, кажав емотивни зборови, добив лоши совети и жал ми е поради тоа. Сега се оддалечувам од сето ова и сакам да си го средам животот. Благодарен сум на Франкфурт што ми даде шанса да го направам овој чекор – вели Хинтерегер.