Со фотоволтаици училиштата во Аеродром станаа енергетски независни

Во насока на заштеда на електрична енергија, а следејќи ги препораките, стручниот тим од Општина Аеродром што работи на надминување на кризата со електрична енергија, од 1 септември на територија на оваа локална самоуправа воведоа нов пакет мерки за штедење на електрична енергија.

Учениците што посетуваат настава во некое од основните училишта на територија на Општина Аеродром наставата во зима ќе ја следат со физичко присуство и покрај енергетската криза, информираше градоначалникот Тимчо Муцунски.

Според градоначалникот, Општина Аеродром ќе ги преземе сите неопходни чекори за младите да можат да посетуваат редовна настава и да не се загрози образованиот процес, ќе го преземе целиот товар што ќе произлезе од трошоците за обезбедување настава со физичко присуство, доколку од страна на централната власт биде наложено.

– Учениците од Општина Аеродром ќе присуствуваат на настава со физичко присуство – образовниот процес не смее да биде загрозен. Наставата е неопходно да одвива со физичко присуство без разлика на пречките од централната власт. И покрај немањето слух од нивна страна за проблемите со кои се соочува секоја локална самоуправа, а што е докажано преку намалените дотации и трансфери во време на криза, Општина Аеродром останува цврсто на ставот дека затворањето на основните училишта би било огромна штета за учениците и за целиот образовен процес – вели Муцунски во објава на Фејсбук.

Инаку, како што потсетува градоначалникот, на прагот од енергетската криза и непредвидливата ситуација која следува, Општина Аеродром преземала голем број крупни чекори за намалување на ефектите и ударот врз буџетот.

– Потсетуваме дека веќе презедовме сериозни мерки за штедење електрична енергија. Сите основни училишта беа опремени со фотоволтаици со што се зголеми нивната енергетска независност и значително се намалија трошоците, а неколку училишта добија енергетски ефикасни фасади. Учениците и непреченото одвивање на наставата со физичко присуство се наш врвен приоритет, а Општина Аеродром останува цврсто посветена на обезбедувањето соодветни услови за настава и згрижување на најмладите – стои во објавата на Муцунски.

Во насока на заштеда на електрична енергија, а следејќи ги препораките, стручниот тим од Општина Аеродром што работи на надминување на кризата со електрична енергија, од 1 септември на територија на оваа локална самоуправа воведе нов пакет на мерки за штедење на електрична енергија. Со воведените мерки за штедење од Општината очекуваат драстично да се намали потрошувачката на електрична енергиј, па така, значително ќе се придонесе за полесно надминување на енергетската криза и насериозниот удар што таа го нанесе врз општинскиот буџет.

Како дел од мерките за штедење е престанок со работата на сите фонтани и исклучување на внатрешното и на надворешното осветлување, потоа, осветлувањето во парковите на територија на Општина Аеродром е редуцирано, односно светилките работат преку една, а целосно ќе се гаснат во 1:00 часот по полноќ. Кога станува збор за уличното осветлување пак, светилките на сервисните улици со кое стопанисува Oпштина Аеродром како дел од мерките за штедење е редуцирано, односно како што тогаш најавија од Општината ќе работи преку една светилка и ќе се гаси 2 часа порано од вообичаеното.

Рефлекторите на спортските игралишта според најавите ќе престанат со работа од 1 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот