Со финансиска поддршка од Светска банка ќе се обновува детската градинка „Мимоза“ во Кисела Вода

потпишување договор во министерство за финансии
потпишување договор во министерство за финансии

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска потпиша договор за финансии  за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови”, објект „Мимоза”,со заменик-министерката за финансии, Ширет Елези.

Како што соработуваат од општината, потпишувањето на договорот ќе овозможи објектот „Мимоза” да добие целосно обновена фасада со термичка изолација, нови прозори и надворешни врати изработени од 5 коморни ПВЦ профили, нови олуци, нови банци и нови опшивки. Во внатрешниот дел на градинката ќе се постави плафонска изолација од стиропор д=10 см. Со оваа обнова децата и вработените кои поголемиот дел од денот го поминуваат во објектот ќе добијат позатоплени простории, а ќе се заштедат и финансиски сретства кои во иднина ќе се пренаменат во други цели. Покрај ова постоечката ограда на градинката ќе се бојадиса.

Општина Кисела Вода условите во градинката ќе ги подобри преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот