Ова е видео од младите сили на ВМРО-ДПМНЕ, но и на високото партиско раководство – организираат Школа на младите сили на партијата, насловена како „Младите – лидери на промените“.
Владо Мисајловски, Александар Николоски, Тамара Михајловска, позната по изборниот спот со лидерот на партијата Христијан Мицкоски, се само дел од присутните на настанот во август 2019 година на која присуствуваа 150 луѓе во хотел во Струмица, пишува А1он.
Видеото се шири на социјалните мрежи вклучително со стотици фотрографии, а придружено со коментари дека првата летна школа на младите сили на партијата била завршена со „многу нови знаења, вештини и нови пријателства.
И сето ова ќе беше во ред, ако на само еден краток дел од видеото не се гледаше логото на „Еразмус“ – програма со која со европски пари Националната агенција за европски образовни програми дава грантови за различни проекти.
Ова видео под сомнеж го става прашањето дали со европски пари бил финансиран дводневен партиски настан, под превезот на грант што претходно го добила невладина организација.