Со Елмас на теренот е полесно, Наполи го елиминира Лацио во Купот (ВИДЕО)

фото: твитер

На втор натпревар во кој македонскиот репрезентативец добива малку поголема минутажа, Наполи успева да победи.

Екипата на Наполи успеа да направи вистински подвиг и да го елиминира Лацио во Купот на Италија. Наполитанците славеа со минимални 1:0 благодарение на глот на Лоренцо Инсиње уште на самиот старт од натпреварот.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, влезе во игра во 67. минута на местото на Хозе Каљехон и сосема солидно си ја заврши задачата на средината на теренот.

Интересно е што кога тренерот Гатузо ќе му даде барем поголема минутажа на Елмас, Наполи успева да победи.

Во претходниот дуел од Купот на Италија против Перуџа, Елмас беше стартер и славеше со 2:0, а против Сасуоло во Серија А, македонскиот дијамант влезе во 70. минута и му беше еден од најзаслужните за триумфот од 1:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот