Со експлицитни објави Бела Торн за 24 часа заработи еден милион долари (ФОТО)

Instagram

Пред една година, Бела Торн, некогашната принцеза на „Дизни“ ја изненади јавноста кога објави дека влегла во филмската индустрија за возрасни. Сега отиде чекор подалеку – објавувајќи експлицитни видеа заработила еден милион долари за само 24 часа.

За еден сајт кој нуди филмови со експлицитна содржина го снимила и режирала „Таа и тој“, кој е сместен во серијалот на „визионерските режисери“.

Instagram

Глумицата рекла дека прво сакала да сними божиќен хорор филм, ама наместо тоа се одлучила да сними „прекрасен, етеричен филм“.

„Луѓето се плашат да направат ваков филм кога се работи за однос на доминација и субмисивност меѓу мажот и жената и како таквиот однос многу брзо може да се расипе“, открива Бела.

Instagram

Се чини дека ова е само почеток на нејзините нови авантури. Сега отворила профил на сајтот за возрасни, познат по тоа што нуди можност да се претплатите на содржината на омилените познати личности, кои се главно експлицитни.

За само еден ден Бела заработила еден милион долари преку оваа платформа и на тој начин станала првиот креатор кому ова му успеало.

Бела најави дека платформата ќе ја користи за хуманитарни акции, како и за создавање на нејзиниот нов филм на кој работи со Шон Бејкер.

„Тоа е нешто што во моментов го истражуваме. Кои се предностите, а кои маните на платформата? Што прави за корисниците ваквата платформа и колку може да им го подобри животот на луѓето на подобро. До каде сте подготвени да одите“?, објасни Бела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот