Со два стента во градите, Берни Сандерс се враќа во кампања

берни сандерс
Берни Сандерс / Фото: Архива на Слободен печат

Три недели откако доживеа срцев удар, американскиот сенатор 78-годишниот Сандерс се враќа во трката за претседателски кандидат на Демократската партија. Тој денес ќе се појави на митингот наречен „Берни се враќа“ во Њујорк. Инаку по влошување на здравствената состојба му беа вградени два стента.

Изборниот штаб на Сандерс објави дека во неговата кампања ќе биде вклучена членката на Претставничкиот дом Александрија Окасио Кортес, еден од предводниците на таканаречените прогресивци и честа мета на критики на претседателот Доналд Трамп.

Меѓу главните точки на програмата Сандерс се општата здравствена заштита и високите даноци на имот на најбогатите Американци.

Според последните истражувања на јавното мислење, Сандерс е трет во трката за претседателски кандидат за демократија, зад поранешниот потпретседател Jо Бајден и сенаторот Елизабет Ворен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот