Со дрон нападната резиденцијата на естонската амбасадорка во Киев

SHAHED DRONE. PHOTO: GETTY IMAGES

Резиденцијата на естонската амбасадорка во Украина, Енели Колк, е оштетена во напад со дрон на Киев рано утринава, јавуваат медиумите.

Зградата не е уништена ниту амбасадорката не е повредена пренесува естонскиот јавен сервис „ЕРР“.

Нападот почнал во четвртокот вечерта и траел осум часа, а амбасадорката и нејзиниот партнер биле во засолништето.

„Во еден момент се чинеше дека опасноста помина и ние се вративме во својот стан на последниот кат. Но, сепак, беспилотните летала продолжија да летаат и напаѓаат, а беше погодена и нашата зграда“, рече Колк.

Таа изјавила дека дронот удрил во зградата во 5:30 часот, но дека нема жртви бидејќи немало никој на последниот кат.

„Штетата е ограничена на надворешната фасада и покривот на зградата. Целиот горен кат беше погоден, но за среќа сите останаа неповредени“, додаде естонската амбасадорка.

Естонскиот министер за надворешни работи Магнус Кана изјави дека руско беспилотно летало ја погодило куќата во која живее естонскиот амбасадор во Киев и рече дека на Украина и треба повеќе воздушна одбрана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот