Со документ за вакцинација може да присуствувате на Суперкуп натпреварите

Време е „Јане Сандански“ во Скопје да заличи на не така дамнешните времиња, дерби МЗТ - Работнички/фото:druga.aba-liga.com

Суперкуп натпреварите за трофејот „Драган Василов Цевка“, во двете конкуренции, машка и женска, ќе се одржат на 25 септември (сабота), 2021 година, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Од 17.00 часот, ќе се игра мечот во женска конкуренција во кој ќе се сретнат екипите на Баскет КАМ од Македонска Каменица и Бадел 1862 од Скопје.

Од 19.30 часот, ќе се игра дуелот кај мажите во кој силите ќе ги одмерат градските ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Влезот во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, ќе биде ограничен, односно сите заинтересирани љубители на кошарката ќе мора да покажат документ за вакцинација издаден од надлежните здравствени авторитети во државата.

Исто така, согласно со одлуката на Министерството за Здравство на РСМ, ограничен е и бројот на седишта во салата на 30% од капацитетот, информираат од кошаркарската федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот