„Со диктаторите мора да бидеме искрени“: Италијанскиот премиер го обвини Ердоган за понижување на Фон дер Лајен

Италијанскиот премиер Марио Драги го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за понижување на претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен претходно оваа недела, за време на нејзината посета на Анкара.

Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во средата се состанаа со Ердоган во Анкара.

Претседателката на ЕК мораше да се повлече кога двајца мажи седнаа на две столици кои беа подготвени за разговор, па Фон дер Лајан мораше да седне на софата, пренесува Ројтерс.

ВИДЕО | „Џентлмени“ на дело: Ердоган и Мишел си седнаа на столиците, Фон дер Лајен остана да стои

– Апсолутно не се согласувам со однесувањето на Ердоган кон претседателката фон дер Лајен. Мислам дека тоа не беше соодветно однесување и жал ми е за понижувањето на фон дер Лајен – рече Драги.

Тој додаде дека мора да се биде искрен со „диктаторите“.

– Со нив, да ги наречеме она што навистина се – диктатори – или со било кого и да треба да се координираме, мора да бидеме искрени при искажување различни ставови и ставови – додаде Драги.

На тоа реагираше турскиот министер за надворешни работи Мелвут Чавушоглу, кој рече дека Турција остро ги осудува „грдите“ коментари на италијанскиот премиер Марио Драги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот