Со џип од Негорци до Кожуф

Од гевгелиското село Негорци денеска влубениците во возачките способности и перформанси на теренските возила, во рамки на петтото „Оф роуд Кожуф 2019″ го почнаа престојот и другарувањето по недопрените природни убавини на таа планина.

По тргнувањето од Негорци, учесниците со џиповите преку селото Кованец се упатија за Дрен, а од таму продолжија за Демир Капија. По краток одмор од Демир Капија се тргнува за Була и преку Радња треба да се стигне на целта во Ски центарот „Кожуф” откако ќе се извози маршрутата долга околу 160 километри.

Организаторите велат дека целта е првенствено да се промовираат недопрените природни убавини и недоволно познатите дестинации во нашата прекрасна земја и да се другарува преку заедничко совладување на природните пречки по планинските патишта во близина на македонско-грчката граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот