Со членството во ЕУ целосно се затвора „македонското прашање“, им кажа на росоманци Миле Зечевиќ од СДСМ

Фото: СДСМ

„Таканареченото ‘македонско прашањe’, кое со векови одредени сили сакаат да го држат отворено заради нивни интереси, целосно се затвора со нашето членство во ЕУ“, им порача денеска генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, на симпатина кавадаречкото село Росоман

-Многу долг и трнлив пат сме изоделе и сите премрежја сме успеале да ги надминеме. Сега имаме историска шанса, да обезбедиме европска иднина за сите граѓани, подобар животен стандард и за навек да ги затвориме сите национални и идентитетски прашања. Затоа што со членството во ЕУ, целосно се затвора македонското прашање. Стануваме рамноправен партнер на големата маса, рамо до рамо со големите европски држави. Треба да се обединиме, да бидеме мудри, да го ставиме државниот и национален интерес над се и да донесеме одлука, да дадеме глас за Европа. Изборот е интеграција или изолација, рече Зечевиќ.

На росоманци тој им зборуваше и за придобивките од членството во ЕУ за граѓаните, земјоделците и младите.

-Членство во ЕУ значи пристап за македонските земјоделци до пазар од над 400 милиони жители, без какви било пречки или бариери. Значи пристап и до нови и поголеми земјоделски фондови, различна финансиска помош за поголемо производство. За младите значи шанса за подобро образование, добри плати и работа по европски стандарди дома, рече Зечевиќ.

Претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, пред жителите на Росоман зборуваше за инвестициите на СДСМ во инфраструктурата.

– Голем инвестициски циклус е во тек. Во овој регион активно веќе се работи на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, и Дреново-Фариш, се реконструираше делницата кај Плетвар а започна и реализација на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола. Продолжуваме да инвестираме во квалитетна инфраструктура, рече Трајчулескии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот