Со бројни активности, Општина Ѓорче Петров ќе им го олеснува секојдневието на урбаните велосипедисти

велосипеди
Велосипеди, Фото: Архива

Во насока на подобрување на движењето на пешаците и велосипедистите, општината во соработка со полициската станица од Ѓорче Петров веќе спроведува акција за расчистување на главните улици од неправилно паркирани возила

Ослободување на тротоарите од возила, дислоцирање на лошо поставената урбана опрема и проширување на тротоарите и целиот јавен простор. Ова било договорено на средбата помеѓу претставници од иницијативата „На точак“ и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски, се со цел, како што информираат од оваа скопска општина, изнаоѓање начин за олеснување на секојдневието на урбаните велосипедисти.

Инцијативата „На Точак“ по електронски пат се обрати до градоначалникот Александар Стојкоски и побара состанок, при што истиот се реализираше во општина Ѓорче Петров.  Станува збор за отпочнување меѓусебна соработка со новото раководство на општината, односно изнаоѓање начин за олеснување на секојдневието на урбаните велосипедисти. Дадени беа предлози од страна на иницијатива за чекорите до пешачко и велосипедско Ѓорче Петров, а со тоа и овозможување поквалитетен јавен простор. Стана збор и за ослободување на тротоарите од возила, дислоцирање на лошо поставената урбана опрема и проширување на тротоарите и целиот јавен простор – информираат од Општина Ѓорче Петров.

Од Општината, меѓудругото, објаснуваат и дека на средбата се разговарало и  за велосипедски паркинг на сите јавни простори, субвенции за велосипеди и велосипедска опрема, денови без автомобили итн.

Генерално, во насока на подобрување на движењето на пешаците и велосипедистите, општината во соработка со полициската станица од Ѓорче Петров веќе спроведува акција за расчистување на главните улици од неправилно паркирани возила. Ќе се организираат и настани низ општината за промоција на културата на возење велосипед, кој би имал едукативен и забавен карактер за сите категории на граѓани – заклучуваат од Општина Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот