СО АВТОСТОП ОД ЗАГРЕБ ДО БОРА БОРА: По пат ја запознала љубовта на својот живот

загрепчанка
Приватна архива/Фејсбук

Загрепчанката Ана Бакран започнала авантура во 2013 година кога од Загреб, со автостоп тргнала на пат, со цел да стигне до Бора Бора.

За тоа време поминала низ 25 држави, а од почетната точка до крајната цел пристигнала за четири години. Во меѓувреме издала и книга.

Дури по една и пол година сфатила дека на погрешно место чека брод, па потоа ја исправила грешката. Оваа авантура ја променила многу, испробувала различна храна, престанала да се шминка, станала веган и потоа ја запознала љубовта на својот живот, наведува 24Сата.хр.

Сега живее на островот Нуку Хива, заедно со своето момче, во околина сосема поинаква од онаа која дотогаш била навикната.

Ваквото патување било нејзина долгогодишна желба, но храброст собрала дури откако наполнила 31 година, кога се почувствувала физички и финансиски, но и ментално спремна за таков подвиг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот