Со антивирусна експериментална терапија од коронавирус излечени три лица во Италија

Лекарите експериментирале со антивирални агенси и лекови кои се користат против вирусот ебола.

Во Италија досега се потврдени над 470 случаи на заразени со коронавирусот, 17 лица починаа, но има и добри вести.

Новите податоци од шефот на Цивинлата заштита Анџело Борели неведуваат дека три пациенти потполно закрепнале.

Станува збор за три пациенти кои се лечени во Рим на почетокот на февруари – кинески туристи и едно момче кое се вратило од Кина. Тоа биле првите случаи на коронавирусот во Италија, пишува „Индекс“.

– Три пациенти кои беа позитивни на коронавирусот се излечени. Тоа е порака до Италијанците дека болеста се лечи – рече Франческо Ваја, директор на италијанската референтна болница за заразни болести во Рим.

Болницата во лечењето користела антивирусна експериментална терапија, прецизираше тој. Лекарите експериментирале со антивирални агенси и лекови кои се користат против вирусот ебола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот