Со Анчелоти дојдоа и победите, втор триумф по ред на Евертон

twitter/Premier League

Искустниот италијански стратег го разбуди Евертон и во двата натпревари како предводник на „карамелите“ имас две победи. Овој пат Евертон како гостин со 2:1 гос совлада Њукасл и тоа блгодарение на Доминик Калверт-Луин кој ги постигна двата гола.

Првиот го даде по само 13 минути игра, додека вториот гол вреден нови три бода го постигна во 64. минута. Стрелец на голот за Њукасл беше Фабијан Шер во 56. минута.

Екипата на Вотфорд без многу мака со убедливи 3:0 ја совлада Астон Вила во дербито на долниот дел од табелата. Трој Дини постигна два гола, во 42. и 67 минута, а конечниот резултат го постави Исмаил Сар во 71. минута.

Саутемптон и Кристал палас ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот