Со активности на Водно почнува кампањата „Лето без пожари“

Одделението за превенција при СВР-Скопје денеска почнува со кампањата „Лето без пожари“. Активностите ќе започнат на паркингот на Средно Водно со почеток во 11 часот.

– Во соработка со противпожарната бригада на Град Скопје, Црвен крст на Град Скопје ќе започне кампањата за превенција на пожари на отворено во летниот период, активностите ќе се реализираат на тој начин што полициски службеници ќе остварат средби со рекреативците посетители на Парк шума Водно по случаен избор ќе сопираат и патнички моторни возила и на возачите ќе им укажуваат за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на пожари на отворено со укажување од последиците и да не палат оган на отворено – велат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на противпожарната бригада на Град Скопје ќе се направи обука и симулација на гасење на шумски пожар на вработените од Паркови и зеленило на Град Скопје и заинтересираните граѓани. Активностите ќе продолжат во текот на летниот период во соработка општините на Град Скопје на девет стојни точки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот