Со 75.000 денари од општинската каса: Поставени пет мерни станици за аерозагадување во Свети Николе

Фото: Слободен печат/ Ристе Пејовски

Во Свети Николе се инсталирани пет мерни станици за квалитет на воздухот за ПМ-10 и ПМ 2,5 честици и тоа на зградите на Дом на култура „Крсте Мисирков”, Здравствен дом „Г. Гаврилски”, СОУ „Кочо Рацин”, потоа ООУ „Гоце Делчев” и шелтер центарот кај Агенцијата за вработување, соопшти градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Податоците и мапите на мерните станици се јавно достапни и се прикажани на мобилната апликација „Мој воздух” (Air care) или на апликацијата.
.
– Со поставување на мерните станици, Општина Свети Николе е меѓу првите во државата каде податоците од аерозагадувањето можат јавно да се следат, вели Велковски.

Во наредните денови, истите податоци ќе бидат достапни и на веб-страницата на Општина Свети Николе.

– На овој начин не само што ќе добиеме податоци за аерозагадувањето, туку ќе можеме да преземаме и конкретни мерки и санкции, како локална самоуправа кон сите оние кои допринесуваат за загадувањето во Свети Николе, рече Велковски.

Тој истакна дека една мерна станица чини 15.000 денари, а средствата за набавката на пет мерни станици се обезбедени од општинскиот буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот