Со 6,5 милиони денари од општинската каса: Реконструиран Градскиот парк во Кавадарци

Фото: mia.mk

Со средства од општинскиот буџет, реконструиран е Градскиот парк во Кавадарци, информира денеска градоначалникот Митко Јанчев. Тој појасни дека реконструкцијата опфаќаше повеќе работи.

– Комплетна подземна инсталација за наводнување, бунар со систем за сопствена вода, со што се штеди на водата за пиење од системот „Лукар”. Ревитализирано е зеленилото, посадени се околу сто нови и различни дрвни видови. Имаме и комплетно осветлување, како и видео надзор, рече Јанчев.

Јанчев соопшти дека целокупната инвестиција на општината е 6,5 милиони денари. Има и донации од две компании – по 250 илјади денари и тоа  „Кодекс компјутери” и „Дијана маркети”.

Доне Илов, инспектор за животна средина, рече дека  се посадени околу 1.500 различни видови на грмушки, 2.000 цвеќиња и околу 150 квадратни метри цветна површина. Изградена е и нова патека.

Градскиот парк ,,Љупчо Шкартов” во Кавадарци важи за еден од најубавите во државата. Подигнат бил во 1955 година и зафаќа површина од 85.000 квадратни метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот